Шекеринска - Османи: институциите имаат легитимитет да го спроведат Договорот
Со мнозински изразената волја за европска Македонија пратениците во Република Македонија немаат друга опција освен да ги следат гласовите на мнозинството со цел државата да го забрза членството во НАТО и ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
„Ова е време кога на Македонија и потребно заедништво. Од една страна е Македонија во ЕУ и НАТО, од друга е изолација и неизвесност на нашата татковина, рече Шекеринска наведувајќи дека другата преостаната алатка се педвремени парламентарни избори и тоа веднаш. Таа доаде дека сите политички партии треба да се обединат и да работат на оваа заедничка цел и оти е клучно.
Османи наведе дека референдумот бил консултативен како инструмента да се определи политичката волја на граѓаните. Според него прашањето на цензусот не е поврзано со прашањето на референдумот и дека Македонија и претходно имала проблеми со цензусот, споменувајќи ги претседателските избори, односно дека тогаш цензусот морал да биде спуштен на 40 отсто.
„Имавме консултативен референдум како инструмент да се определи политичката волја на граѓаните. Тој инструмент се рефлектира преку бројот на гласови, кои се добиени од страна на гласачите: 661 илјади гласа, 606 илјади „за“ и таа бројка им дава целосен легитимитет на институциите да продолжат со имплемтанција од обрвските од овој меѓународен договор. Имаме целосен легитимитет институциите уште од денеска да продолжат со имплементација на договорот“, рече Османи.
.