World News in Macedonian

Судењето за „Титаник 2“ продолжува на 31 октомври

Судењето за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство за изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година, продолжува на 31 октомври. Денеска, по втората пауза, рочиштето продолжи со испрашување на поранешните членови на Државната изборна комисија (ДИК) Виолета Дума и Субхи Јакупи.


Обвинетиот Ибраими, кој постави повеќе прашања до Дума, а се однесуваа на законските обврски и одлучувањето за приговорите на членовите од ДИК, како и за преговори кои доаѓале од ИМ од Струга и Кичево, во неколку наврати беше опоменат од судијата Огнен Ставрев оти прашањата не му се однесуваат на конкретниот случај.


Ибраими продолжи со таквото темпо на испрашување при што реагираше и обвинителката Фатиме Фетаи, дека ова судење наликува на пазар, на што обвинетиот одговори дека СЈО прави селекција на доказите, но и дека не сака да навлегува во нивните игри.


Со реплика се приклучи и обвинетиот Мандух Тачи, кој нагласи дека поради ова обвинение тој изгубил 55.000 гласови, изнесувајќи наводи за докази кои не се земени предвид. На тоа Фетаи потенцираше „ Ако имате докази дајте ги. Господине Тачи две години ве слушам“.


Бранителот на Сашо Мијалков, Петар Василев му приложи доказ на Субхи Јакупи, за што судијата Ставрев кажа дека не може Јакупи да го цени доказот, а обвинителката Фетаи реагираше дека сведокот не може да даде експертско мислење за доказ.


За случајот „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. 

Читайте на сайте