Уапсен опозициски лидер во Пакистан за корупција
Пакистанското тело за борба против корупцијата соопшти дека е уапсен опозицискиот лидер Шанбаз Шариф под обвинение за корупција поврзано со проневера со станбено домување. Шанбаз Шариф кој е брат на поранешниот премиер Нарваз Шариф бил уапсен по неколку часа сослушување.
Тој е обвинет дека ја злоупотребил службената должност додека бил главен министер во покраината Пунџаб од 2013 до 2018 година со тоа што извршил влијание на властите да доделат договори за владината програма за домување на граѓани со ниски примања на компанија која имала политички врски. Партијата на Шариф соопшти дека неговото апсење е политички мотивирано.