Русија ги зголемува капацитетите на подморниците во Атлантикот и Медитеранот
Русија ги зголемува можностите за подводни битка и тоа е директен предизвик за силите на САД и НАТО на атлантските и медитеранските води, предупреди врвниот американски адмирал. Адмиралот Џејмс Фогго, кој ја предводи командата на сојузничките сили на НАТО во Неапол. Тој за новинарите во Вашингтон синоќа изјави дека Русија многу инвестира во својата подводна флота и сака да изгради "асиметрична" закана за САД и НАТО.
Руската морнарица знае дека не може да се натпреварува со бројот на носачи на авиони на САД и НАТО, рече американскиот адмирал и додаде дека "тие продолжуваат да вршат истражување и развој и докапитализација на доменот под вода". Фогго рече дека е загрижен оти руските подморници можат да испуштат крстосувачки ракети и дека "ако се пуштат од кое било од морињата низ Европа ... може да достигнат било кој од главните градови на Европа". Тој рече дека Русија во моментот има шест подморници во Црното Море и Источното Средоземно Море.
Фогго, исто така, даде преглед на претстојните воени вежби на НАТО во Норвешка, кои ќе ги командува и кои ќе бидат најголемите вакви вежби од 2002 година. Тој рече дека вежбите ќе бидат дизајнирани да симулираат одговор на алијансата на теоретски руски напад врз Норвешка. Фогго рече дека Русија е поканета да испрати набљудувачи на вежбите на Trident Juncture, кои треба да започнат на 25-ти октомври, и тој ја повика Москва да ја прифати поканата да научи повеќе за капацитетите на НАТО.