World News in Macedonian

Почина шпанската оперска дива Монтсерат Кабаље

Шпанската оперска пејачка Монтсерат Кабаље умре денеска рано изутрината во Барселона, соопшти портпаролот на болницата. Таа имаше 85 години. Кабаље ја започна својата кариера во 1956 година во Базел, Швајцарија, и има остварено над 4.000 изведби. Светски познатиот сопран се смета за последна оперска дива.


Шпанскиот премиер Педро Санчез на Твитер изрази жалост поради  "тажната вест". "Големиот гласник на нашата земја почина. Монсерат Кабаље и нејзиниот глас секогаш ќе останат со нас", напиша тој.

Читайте на сайте