World News in Macedonian

Активисти му посакаа на Путин за роденден „долги години затвор“

Некои од Русите кои го одбележаа роденденот на претседателот Владимир Путин минатиот викенд, дефинитивно не му посакаа добро. Активисти во неколку градови имаа критички пораки кон Путин кој на 7 октомври наполни 66 години.


Во неговиот роден град Санкт Петерсбург активистите истакнаа голем банер на централната улица посакувајќи му на Путин „доги години затвор“. Активистите со темна облека и бели капи привлекоа внимание со банер со ракети и обоен чад.


Полицијата уапси 11 лица, најмалку еден за кој владините критичари велат дека не бил вмешан во трикот на протестот.


Во Казан - главниот град на регионот Татарстан, полицијата уапси тројца тинејџери кои се обиделе за закачат банер на мост на кој пишувало „среќен роденден лажго и крадец.“

Читайте на сайте