Уште еден земјотрес на Хаити
Американскиот Геолошки институт објави синоќа дека северниот дел на Хаити бил погоден од земјотрес со сила од 5,2 степени, ден откако на истото место во земјотресот со сила од 5,9 загинаа најмалку 12 луѓе, додека околу 190 биле повредени. Се наведува дека ова е „дополнителен удар“ со оглед на тоа што жариштето на претходниот потрес бил на длабочина од само десет километри.