World News in Macedonian

Димитров: Парламентот да реши дали ќе ја следи волјата на народот

Собранието треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, наведувајќи дека иако излезноста на референдумот била скоро 37 проценти со Изборен законик кој предвидува цензус, сепак 609 илјади граѓани кажале „да“ и според него тоа е мнозинство кое сака Македонија да оди напред. 


„Следат разговори во Парламентот. Ни претстои историска одлука. Нашата реалност е дека не може да го заобиколиме спорот за името на патот кон НАТО и ЕУ. Парламентот треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот. Ова е клучот. Ако сакаме напред, треба да го искористиме овој клуч“, рече Димитров на денешна дебата за регионалните имликации во билатералните спорови. 


Според него, единствен пат кога повеќе граѓани се изјасниле „за“ на некои избори биле оние во 1994 година кога Киро Глигоров беше избран за претседател на државата. Димитров меѓу другото истакна дека предвремени парламентарни избори се последна опција.


 

Читайте на сайте