World News in Macedonian

Шест години затвор за Јанкулоска за случајот Тенк

На шест години казна затвор е осудена поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“, за набавка на луксузен мерцедес. Јанкулоска ја злоупотребила службената положба и овластувања додека била министерка за внатрешни работи


Судијката Добрила Кацарска во Кривичниот суд ја изрече пресудата во издвоена постапка за Јанкулоска. На поранешната министерка и се судеше одвоено откако се породи. 


Јанкулоска не присуствуваше на изрекувањето на пресудата. Таа денеска присуствува на друго судење за предметот Таргет и Тврдина. Јанкулоска на ова судење рече дека не инсистира на пауза, оти нејзиното присуство на објавата за „тенк“ не е задолжително.


Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра. Потоа Апелација му ја потврди казната на Груевски, а му ја намали за две години на Поповски.

Читайте на сайте