World News in Macedonian

Мицкоски со обвинувања до Заев, СДСМ возвраќа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук се обрати до премиерот Зоран Заев дека со неприфаќањето на предлозите на опозициската партија, покажал три работи. Според Мицкоски, Заев со молчењето за формирање на независно обвинителство одбрал да се стави во улога на заштитник и промотор на криминалот.


Тој обвинува и дека со договорот за името Заев сака на сила да ја прекрсти државата со цел да ја спаси неговата кариера. Со отфрлувањето на предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, како што наведува Мицкоски, Заев и власта покажале дека се плашат од слободни, фер и демократски избори.


Од СДСМ реагираа дека на граѓаните им е јасно што сака Мицкоски. Според партијата Мицкоски прво сака да му овозможи амнестија на Никола Груевски и второ, Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ, да се откаже од врвните стратешки интереси.


Од СДСМ посочуваат ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по секоја цена се обидат да ја блокираат иднината, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.

Читайте на сайте