Џафери: Предлогот за уставните измени пристигна во Собранието
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за време на вечерашното гостување во „Топ тема на ваша страна“ на Телма телевизија изјави дека до законодавниот дом стигнал предлогот на Владата за пристапување кон уставните измени поврзани со Договорот од Преспа.
Џафери на прашањето дали има обезбедено двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на уставните измени рече дека не знае и оти не може да каже во која насока одат преговорите со пратениците.
Тој објасни и дека има три фази за усвојување на уставните измени. Најпрвин Џафери во рок од три дена треба да го разгледа предлогот на Владата, потоа да го достави до службите и пратениците. Најмногу за десет дена, како што појасни Џафери, ќе треба да свика седница на Комисијата за уставни прашања, а откако ќе се исцрпи дебатата, третиот ден, предлогот оди на седница.