Рочиште за насилствата во Центар, Фетаи побара приведување на Груевски
Обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи на почетокот на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ побара приведување на поранешниот премиер Никола Груевски поради неговото доцнење на судењето, но по излагањето на неговиот адвокат Димитар Дангов, со задоцнување од 15 минути Груевски влезе во судницата.
Судот по барање на обвинителите донесе решение да ја издвои постапката за обвинетиот Митко Пецов, а рочиштето продолжи со сведочење на поранешниот претседател на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ и на актуелниот градоначалник на општината Саша Богдановиќ.
Според Дангов, барањето за издвојување на постапката е неосновано и побара одложување до 29 октомври, но Судскиот совет не го прифати барањето.
Во овој случај, освен Груевски, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.