World News in Macedonian

Почна седницата на Комисијата за уставни прашања

Почна седницата на Комисијата за уставни измени на која на дневен ред де Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од Преспа. На седницата присуствуваат пратеници од сите пратенички групи вклучувајќи ги и ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа "против" дневниот ред на седницата.


Премиерот Зоран Заев го образложи предлогот, истакнувајќи дека од досегашниот увид и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени. Тој ги повика пратениците да се обединат околу стратешките цели на земјата.


„Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки“, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по своја волја: „сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените“, рече Заев.

Читайте на сайте