World News in Macedonian

Во Приштина се одржа втората Парада на гордоста

Во Приштина денеска се одржа втората по ред Парада на гордоста под мотото “во име на слободата”. По завршувањето на маршот низ центарот на градот организаторите ја прогласија парадата за успешна. Нивното барање е слободна и безбедност за припадниците на ЛГБТИ заедницата. На парадата присуствуваа амбасадорите на странски земји, шефицата на канцеларијата на ЕУ во Косово, градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети, а од косовската влада министерката за европски интеграции Дурата Хоџа. Премиерот на Косово Рамуш Харадинај не присуствуваше на парадата но непосредно пред нејзиното одржување на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека сексуалната ориентација е индивидуално определување во секоја држава и како такво треба да се почитува.


 

Читайте на сайте