Загинаа двајца украински војници во судири со сепаратистите
Украина соопшти дека двајца нејзини војници се убиени и тројца се повредени во судири со сепаратистите поддржани од Русија на истокот на земјата.
Министерството за одбрана денеска соопшти дека во борбите исто така шест сепаратисти се загинати и 10 повредени.
Сепаратистите 28 пати го прекршиле прекинот на огнот во изминатите 24 часа стрелајќи со ракети, митралези, гранати и минофрлачи, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, сепаратистите тврдат дека украинските сили 25 пати го прекршиле прекинот на огнот, додавајќи дека никој не е повреден.
Од април 2014 повеќе од 10.300 луѓе загинаа во борбите меѓу украинските сили и сепаратистите кои контролираат делови од регионите Доњецк и Луганск.