World News in Macedonian

Трамп бара разјаснување за исчезнувањето на саудискиот новинар

Американскиот претседател Доналд Трамп побара одговори од Саудиска Арабија за исчезнатиот саудиски новинар Џамал Хашоги за кого турските власти наведуваат дека бил убиен во конзулатот на неговата земја во Истанбул. Трамп изјави дека никој не знаел што точно се случило и изрази надеж дека Хашоги бил жив. Турските власти веруваат дека Хашоги, критичар на владата во Ријад и колумнист на „Вашингтон пост“ бил убиен во конзултатот каде што на 2 октомври дошол по документи потребни за да се ожени со неговата вереница, турската новинарка Хатиџе Ченгиз.

Читайте на сайте