World News in Macedonian

Плевнелиев - Три сценација за Македонија: уставни измени, избори, изолација

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев вели дека Македонија е исправена пред ситуацијата да ја прифати подадената рака од судбината.По дискусијата на тема „Бугарската и европската перспектива: Референдумот во Македонија“, во организација на Европскиот совет за надворешна политика (ЕСВП) со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер, Плевнелиев рече дека и ЕУ и НАТО направиле сè, тоа е подадена рака од судбината и нема да има друга шанса во следните 20 години.


Тој смета дека постојат три можни сценарија за развојот на Македонија. Првото, смета тој, е да бидат усвоени уставните промени од македонскиот Парламент и Македонија да има јасна перспектива, а во регионот да има траен мир. Второто сценарио, според него, е реалистично и тоа може да ја исправи земјата пред нови избори кои нема да ја променат ситуацијата во Македонија. Третото сценарио е негативно и Македонија може да западне во тотална изолација, а и можна целосна дестабилизација. 


Според шефот на канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Софија, Торстен Гејслер, референдумот спроведен на 30 септември може да се смета како победа за Русија. Гејслер исто така го опиша и несоодветно однесување на ВМРО-ДПМНЕ со политиката на бојкот и екстремистички пројави. 

Читайте на сайте