Вселенската патријаршија ѝ даде автокефалност на Украинската православна црква
Цариградската патријаршија се согласи да ја признае независноста на Украинската православна црква.
Овој потег е силно посакуван од Киев, но ризикува да предизвика нови тензии со Москва.
„Состанокот на Синодот со кој претседава патријархот Вартоломеј, одлучи да продолжи со доделувањето автокефалност на Црквата на Украина“, се вели во официјалното соопштение прочитано во Истанбул.
Украинскиот претседател Петро Порошенко ја поздрави одлуката на Вселенска Патријаршија да ја признае независноста на Украинската православна црква и покрај протестите од Русија.
„Одлуката за доделување автокефалност на Украинската православна црква е направена. Ова е победа на доброто над злото, светло над темнината. Украина го чека овој „историски настан“ повеќе од 330 години“, рече Порошенко во телевизиско обраќање.