World News in Macedonian

Албанија ќе ги сели казината и обложувалниците надвор од градовите

Албанската Влада до крајот на годината ќе ги затвори сите казина и спортски обложувачници во градовите и истите ќе ги дислоцира надвор од населените подрачја за да спречи зголемување на нивниот број, посебно во Тирана.


Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека до 31 декември сите игри на среќа ќе мора да бидат дислоцирани надвор од градот, бидејќи било оценето дека „оваа појава не оди во прилог на народот и државата“.


Рама во исто време побара од медиумите во земјата да престанат со рекламирање на обложувањето зашто во спротивно ќе бидат присилно затворени.


Медиуми наведуваат дека голем е бројот на Албанците кои секојдневно учествуваат во игрите на среќа и тој број е во постојан раст. Тоа се илустрира со податокот дека текот на 2017 година албанските граѓани потрошиле над 130 милиони евра во казина, спортски обложувалници и лото.


 

Читайте на сайте