Ново рочиште во турскиот суд против американскиот свештеник Брансон
Американскиот христијански свештеник, во услови на дипломатски спор меѓу Анкара и Вашингтон, пристигна на суд во Турција за продолжување на неговото судење за обвиненија поврзани со тероризам, при што набљудувачите чекаат да видат дали ќе биде ослободен поради заканите од понатамошни санкции од САД.
Четвртото рочиште во случајот против Андрју Брансон ќе се одржи денеска во затворскиот комплекс во близина на западниот град Измир.
50-годишниот Брансон се соочува со 35 години затвор доколку биде осуден за обвиненијата за тероризам и шпионажа.
Обвинителите го теретат Брансон дека извршил злосторства во име на терористичка група. Тие тврдат дека тој е поврзан со забранетата курдска милитантна група и со мрежа предводена од турскиот свештеник во САД обвинет за организирање на неуспешниот државен удар против турската влада во јули 2016.
Брансон, кој живеел во Турција повеќе од две децении, ги отфрла обвиненијата.
Вашингтон тврди дека е држен неправедно како дел од острите мерки кои владата ги спроведува во неуспешниот државен удар.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науер на 11 октомври изјави дека Вашингтон се надева оти наскоро тој ќе биде ослободен, додавајќи оти не знае за било каков договор со Анкара.