World News in Macedonian

Пожарот во Лисиче е изгаснат

Пожарот што попладнево избувна во близина на каналот во Лисиче е изгаснат, по интервенцијата на четири возила со 11 пожарникари. 


„Пожарот е комплетно ликвидиран. Во моментов се прави обиколка и контрола на теренот. Зафатена е сува трева од еден хектар и 20-ина половни возила растурени за делови“, изјави за МИА Мирослав Беслаќ, заменик-командир на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.


Причината, рече тој, засега е непозната, но најверојатно е од човечки фактор. Пожарот бил пријавен во 14:35 часот.

Читайте на сайте