World News in Macedonian

Дваесет грчки функционери осомничени во врска со пожарот кај Атина

Дваесет грчки функционери се осомничени за разни кривични дела во врска со пожарот во близина на Атина на 23 јули годинава во кој загинаа 99 луѓе. Обвинителскиот тим, кој го истражува пожарот, ги повика 20-те функционери наредната недела да дадат исказ во врска за делата за кои се сомничат. Роднини на жртвите уште летоска поднесоа кривични пријави против различни грчки функционери.


Обвинителите ги повикаа да дадат исказ префектот на покраината Атика, Рене Дуру, како и претседателите на општините Маратон и Рафина. Повикани се и поранешниот генерален секретар на Службата за цивилна заштита на Грција, поранешниот шеф на грчката полиција, како и сегашни полициски функционери и вработени во Службата за цивилна заштита, Противпожарната служба и Крајбрежната стража.

Читайте на сайте