Десетици илјади луѓе се собраа во Барселона против независноста на Каталонија
Десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците на Барселона, на прославата на национален празник на Шпанија, отфрлајќи ја идејата на сепаратистичките лидери на Каталонија, кои бараат независност од Шпанија. Многумина учесници на собирот носеа шпански знамиња и извикуваа „Да живее Шпанија“ и „Да живее Кралот“.
Полицијата соопшти дека на улиците се собрале околу 65 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека имало околу 300 илјади.
Каталонските регионални власти на 1 октомври 2017 година одржаа референдум за независност, а потоа каталонскиот парламент прогласи независност на регионот. Владата на тогашниот шпански премиер Маријано Рахој потоа ја смени регионалната власт во Каталонија и воведе директна државна управа, но на изборите за регионалниот парламент на 21 декември повторно победија партиите кои се залагаат за независност.