World News in Macedonian

Шестнаесет мртви од ураганот Мајкл во САД

Властите соопштија дека бројот на жртви во САД од ураганот Мајкл до сега изнесува 16, објави новинската агенција АП. Се очекува да се зголеми бројот на загинати бидејќи нема информации за загинати од крајбрежните населени места како Мексико Бич, Порт Сеинт Џо и Панама на Флорида. 


Во тек е акција за пребарување на најтешко погодените места во Флорида, а спасувачките тимови велат дека пристапот до тие места е речиси  невозможен поради опустошените делови, објавија американски медиуми.

Читайте на сайте