Путин имал состанок со Советот за безбедност поради украинската црква
Ситуацијата околу Руската православна црква во Украина и проблемите во внатрешната и надворешната политика беа темите на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот Совет за безбедност одржан синоќа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави АП.
„Тема на состанокот беше и ситуацијата околу Руската православна црква и по скандалозната одлука на цариградската Екуменска патријаршија“, изјави Песков.
Во четвртокот Цариградската патријаршија соопшти дека ќе почне процес за давање независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква.