World News in Macedonian

Почина актерката Милена Дравиќ

По тешко боледување, ноќеска во Белград, на 79-годишна возраст, починала познатата актерка Милена Дравиќ, јави новинската агенција Танјуг.


Милена Дравиќ, една од најпознатите српски и југословенски актерки, е родена на 5 октомври 1940 година во Белград. Играше во преку сто филмови, театарски претстави и ТВ серии.


Меѓу нејзините најпознати улоги се и ролјите во филмовите „Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“…


Милена Дравиќ е добитник на наградата за најдобра споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал, на специјалната филмска награда „Златна роза“ на Венецискиот филмски фестивал, како и на најпрестижните српски награди за целокупниот придонес кон југословенската и српската кинематографија.


Му беше сопруга на неодамна починатиот актер Драган Николиќ.

Читайте на сайте