World News in Macedonian

19 мигранти загинале, a 11 се повредени во сообраќајка во Турција

Деветнаесет мигранти загинале, меѓу кои и деца, во сообраќајна несреќа што се случи денеска во Турција, пренесоа турските медиуми, повикувајќи се на информации од турската новинска агенција Анадолија.


Несреќата се случила кога камион со мигранти слетал од патот од Ајдин кон Измир и се превртел. Најмалку 11 од мигрантите се повредени, јавија турските медиуми.


За сега нема информации за идентитетот на мигрантите, а истрагата за несреќата е во тек.

Читайте на сайте