Убиен еден украински војник и двајца сепаратисти на истокот на земјата
Украина соопшти дека еден од нејзините војници е убиен и тројца се повредени како резултат на судири со сепаратистите на истокот на земјата.
Министерството за одбрана денеска соопшти дека сепаратистичките борци 37 пати го прекршиле прекинот на огнот во последните 24 часа, пукајќи со митралези, гранати и минофрлачи. Министерството наведува дека украинските владини сили убиле двајца сепаратисти.
Сепаратистите поддржани од Русија соопштија дека владините сили 33 пати го прекршиле прекинот на огнот, употребувајќи исти видови оружје.
Од април 2014 година повеќе од 10.300 луѓе загинаа во борбите меѓу силите на Киев и сепаратистите кои контролираат делови на регионите Доњецк и Луганск.