ВМРО-ДПМНЕ побара Мицкоски да се обрати пред Собранието, Џафери не дозволи
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драги Данев, во процедурално обраќање од собраниската говорница рече дека партијата поднела барање, во дебатата за уставните измени пред пратениците да има обраќање партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој не е пратеник.
"Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Македонија, ние како пратеници и граѓаните, јас мислам и апелирам бидете на ниво на задачата која што ја извршувате и овозможете нашиот лидер Мицкоски да се обрати и пред Собранието и пред пратениците и пред македонските граѓани. Имало такви пракси во историјата на овој парламент" рече Данев.
Џафери, читајќи го член 72 од Деловникот на Собранието рече дека таква можност не е пропишана со Деловникот и го одби нивното барање.
"Немам основ по кој би го поканил Мицкоски да учествува во работата на Собранието. Не се работи за моја волја туку за Деловник. Јас немам никаков проблем со тоа, но немам деловнички можности да го овозможам", рече Џафери.