Отстранети од судница адвокатите на обвинетите за „крвавиот четврток“
Судскиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска ги казни со по илјада евра и ги отстрани од судницата сите адвокати на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април.
Адвокатите се санкционирани откако се пожалиле и бурно реагирале на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок „С1“ во старата зграда на Кривичниот суд каде што беше префрлен поради технички пречки во новиот објект на судот.
Адвокатот Еленко Миланов по излегувањето од судот изјави дека бранителите побарале да им се овозможи да ги запишуваат изјавите од загрозениот сведок, бидејќи не се слушало добро неговото сведочење. Тоа не им било овозможено, по што адвокатите се побуниле, и поради тоа се казнети и остратнети од судницата.
Судијката Кацарска во записникот ставила дека денеска им се одзема правото да бидат бранители во процесот и дека на обвинетите ќе им бидат назначени адвокати по служена должност.
Обвинетите за „27 април“ се во судот, но бидејќи јавноста претходно беше исклучена од денешното сведочење на загрозениот сведок, не е познато како ќе продолжи процесот.
На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за време на критичниот 27 април минатата година.
За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.