Стејт департмент: македонското Собрание да ја искористи историската можност
САД ги поттикнуваат лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики и да ја искористат историската можност за подобра иднина на земјата, вели претставник од Стејт департментот во изјава за грчката новинска агенција АНА- МПА.
Претставникот на Стејт департментот на прашањето за оставката на Никос Коѕијас рекол дека му се заблагодаруваат за покажаната особена посветеност за зајакнување на односите САД - Грција и за придонесот во постигнувањето на историскиот Договор од Преспа“.
„САД цврсто ја поддржуваат целосната имплементација на договорот, кој ќе и овозможи на Македонија да го заземе своето место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи за регионална стабилност, безбедност и просперитет. Бидејќи во македонското Собрание продолжува расправата за уставните измени ги поттикнуваме лидерите да ги надминат партиските политики и да ја искористи оваа историска можност за да се обезбедат подобра иднина за земјата како полноправна членка на западните институции“, изјавил претставникот на Стејт департментот.