World News in Macedonian

Јавното здравство ќе ги презема медицинските сестри кои останале без работа

Подготвени се измени на Законот за здравствена заштита за преземање во јавното здравство на медицински сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи основани под закуп во здравствените домови, а по различни основи во меѓувреме останале без работа, соопшти Министерството за здравство.


Според соопштението, овие законски измени ќе влезат во процедура во текот на следната недела. Во моментов се извршуваат пошироки консултации со сите релевантни чинители кои се засегнати од законските одредби. Исто така, со измените ќе биде опфатена и можноста за преземање доктори на медицина, стоматолози и фармацевти од приватно во јавно здравство, соопштија од Министерството за здравство. 

Читайте на сайте