World News in Macedonian

Трамп се закани дека ќе ја повика армијата да ја затвори границата кон Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани со затворање на границата на САД кон Мексико, објавија светските новински агенции. Заканата на Трамп доаѓа во време кога илјадници мигранти се движат низ Средна Америка кон север, со надеж дека ќе успеат да стигнат до САД.


„Треба со најстрог тон да побарам од Мексико да го спречи овој напад - и доколку не е во состојба да го стори тоа, ќе ја повикам американската армија и ќе ја затворам нашата јужна граница“, објави Трамп на неговиот профил на Твитер.

Читайте на сайте