World News in Macedonian

Високиот американски дипломат Метју Палмер во понеделник доаѓа во Скопје

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, во понеделник доаѓа во Македонија, соопштија од Американската амбасада во Скопје.


Според Амбасадата, Палмер доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и за важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.


Тој ќе се состане со владини и партиски функционери, првенствено со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Читайте на сайте