World News in Macedonian

Седницата за уставните измени одложена за 15 часот

Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за предлогот за пристапување кон уставни измени ќе продолжи во 15 часот, велат од Собранието наведувајќи дека причината за одложувањето на почетокот на седницата е пратениците да се соберат во салата. 


Денешната расправа за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, беше закажана за 12 часот.  


Претходното продолжение на седницата заврши без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, откако тие преку соопштение најавија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.

Читайте на сайте