World News in Macedonian

ЗНМ бара измени на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите

Претставници на Здружението на новинари на Македонија денеска побараа воведување на нови кривични дела во Кривичниот законик, како што се „Спречување на новинарите во извршувањето на професионалните задачи“ и „Напад врз новинарите во извршувањето на професионалните обврски“, односно дополнување на постојните членови кои се однесуваат на закани и физички напад, вклучително и убиство.


Од ЗНМ велат дека со овие предлог измени, секое лице кое ќе се закани или ќе нападне новинар, медиумски работник или нивно блиско лице поради извршување на професионални новинарски задачи, ќе добие поголема казна од страна на судот.


Освен тоа, за дел од овие повреди на права во иднина обвинителството ќе презема мерки по службена должност, наместо праксата на приватни тужби од страна на новинарите како што е тоа во моментов.


Целта на овие измени на Кривичниот законик е да се воспостави поефикасен систем на заштита на новинарите, а во исто време да се одвратат потенцијалните напаѓачи во иднина, валат од ЗНМ.  


Со предложените измени, додаваат од ЗНМ, новинарските екипи ќе добијат зголемена заштита во извршувањето на професионалните обврски, нешто слично како и службените лица.


 

Читайте на сайте