World News in Macedonian

Австралиската влада го загуби мнозинството во парламентот

Австралиската коалициска влада на премиерот Скот Морисон денеска го загуби мнозинството во Парламентот, откако владејачката Либерална партија доживеа пораз на дополнителните избори за пратеничкото место кое остана испразнето по оставката на поранешниот премиер Малколм Трнбол. На денешните дополнителни избори во сиднејскиот округ Вентворт, кандидатот за пратеник на либералите беше поразен од независната кандидатка Керин Фелпс. Ова претставува прв пораз на либералите во изборната единица во Вентворт по цели 117 години.

Читайте на сайте