ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема легитимитет да зборува за правда и демократија
Вчера бевме сведоци на сериозни уцени, па дури и сомнеж за поткуп, се со цел да мине калкулантскиот доовор на Заев со кој се руши интегритетот на Македонија, обвини Димитар Димовски, од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на партијата. Тој изјави дека пратениците кои гласаа вчера, ќе треба да се соочат со народот, со своите пријатели, роднини.
"Заев, можеш да купиш неколку пратеници, но не и народот. Тоа Заев и неговите поддржувачи ќе го видат многу скоро. Гласно на референдумот беше кажано не, а тие се одлучија да одат до крај со фалсификати, насилства. Тоа ќе биде нивниот политички крај. Македонија ќе оди напред кога оваа власт ќе биде тргната“, рече Димовски.
Од партијата велат дека по вчерашното гласање се гледа “која била намерата да се нарачаат притвори за 27 април, да се нарачаат монитарни случаи на деца на противници, или СЈО да гони поранешна министерка за култура” и порачаа дека Заев нема повеќе легитимитет да зборува за право и демократска држава.
Социјалдемократскиот Сојуз пак преку соопштение до јавноста порача дека патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80-те пратеници во Собранието на Република Македонија.
„Македонија одбра да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. 80 пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО. Надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ”, се вели во соопштението од СДСМ.