World News in Macedonian

Стејт Департментот ја поздрави одлуката за почеток на уставните измени

Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на Македонија за започнување на процесот на уставни измени, што се потребни за имплементација на Преспанскиот договор со Грција, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Ноерт.


“Соединетите Држави веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот”, се вели во писмената изјава на  Ноерт, по повод одлуката на македонското собрание за почеток на уставните измени.

Читайте на сайте