World News in Macedonian

Средба на Димитров и Палмер во МНР

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, кој денеска е во посета на Македонија, претпладнево во МНР има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.


Според најавите, Палмер и Димитров ќе разговараат за поддршката на САД за Договорот од Преспа, важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.


Палмер во текот на денов ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на политичките партии. Ова е втора посета на Палмер на земјава оваа година.


Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август годинава

Читайте на сайте