Од рак на дојка годишно умираат по 279 жени
Од рак на дојка годишно во Македонија умираат по 279 жени, односно 27 на 100.000, а најголем број на смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години, соопштија на денешна прес-конференција од Институтот за јавно здравје по повод „Октомври – месец за свесноста за рак на дојка.“
Од Институтот за јавно здравје објаснија дека превенцијата вклучува самопреглед на дојките и мамографски преглед со цел болеста да се открие во претклинички стадиум. Според податоците, минатата година се регистрирани 218 случаи на рак на дојка кај жени и четири кај мажи. 15 нови случаи се пријавени кај млади жени на возраст под 40 години.
Раководителот на Секторот за промоција, анализи и следење на незаразни болести при Институтот за јавно здравје, проф. д-р Елена Ќосевска, рече дека изготвен е план на активности според кои подготвиле плакати, брошури и упатство за самопреглед на дојките кои преку десетте центри за јавно здравје се дистрибуираат до речиси сите здравствени установи.
„Сите жени на возраст од 50 д 69 години кои немаат симптоми имаат можност да направат бесплатен мамографски преглед заради евентуално откривање на ракот на дојка во неговиот претклинички стадиум. Предност имаат жените кои ќе бидат повикани, а немаат регулирано осигурување. Доколку не успеат да добијат термин оваа година, програмата продолжува и следната година, што значи можностите се обезбедени“, посочи Ќосевска.
Таа истакна дека мамографски прегледи се прават во 22 јавни здравствени установи, во Здравствената станица Железара, девет здравствени домови, осум општи болници, три клинички болници и во Универзитетската клиника за радиологија каде има дигитални и аналогни мамографски апарати.