World News in Macedonian

Паметниот телефон најкористен за пристап до интернет во Македонија

Во Македонија 79,3 отсто од домаќинствата во првиот квартал од годинава имаат пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства e 70,4 отсто во 2018 година.


Податоците покажуваат дека во првото тримесечје од 2018 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79,2 отсто, а 68,7 отсто го користеле секој ден или речиси секој ден.


Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу 91,8 отсто кај лицата на возраст од 15 до 24 години.


Статистичките податоци покажуваат дека 74,9 отсто од лицата користеле компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети или други преносливи уреди на работа, 31,6 отсто од лицата кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството 54,9 отсто од нив купиле облека или спортска опрема.

Читайте на сайте