Осуди на нападот врз православни верници во Косово
Мисијата на ОБСЕ на Косово изрази загриженост по информациите дека верниците на Српската православна црква вчера биле привремено блокирани во селото Студеница во општина Исток и дека нивните два автобуси биле гаѓани со камења.
Два автобуси кои превезувале верници од Белград вчера биле каменувани во близина на гратчето Исток во близина на Пеќ, откако верниците ја посетиле црквата Богородица Хвостанска.
Мисијата на ОБСЕ ја пофали косовската полиција за однесувањето во обезбедувањето на верниците.
Претходно, нападот го осудија и претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, и ги повикаа институциите да ги идентификуваат и да ги пронајдат одговорните за нападот и да ги изведат пред лицето на правдата.
Шефот на српската владина Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, пак, рече дека „Европа не смее да остане слепа и пасивна кога се соочува со засилување на екстремизмот и верскиот радикализам во Косово“.