World News in Macedonian

Русија протестира поради легализацијата на канабисот во Канада

Русија ја осуди легализацијата на канабисот во Канада како „неприфатлива и лицемерна“ одлука која, според Москва, сигурно ќе предизвика значително зголемување на прометот на канабис кон другите држави. „Сметаме дека тој закон е во спротивност со меѓународната контрола на дрогата“, оцени руското Министерство за надворешни работи во соопштението што го пренесе руската амбасада во Отава. Канада на 17 октомври стана втората држава во светот која легализираше поседување и користење канабис за „рекреативни цели“.


 

Читайте на сайте