World News in Macedonian

Акција на Интерпол во 116 држави - Запленети 500 тони илегални лекови

Петстотини тони недозволени фармацевтски производи достапни на интернет, вклучително и лажни лекови против рак и против болки и илегални шприцеви, биле запленети во координирани полициски акции спроведени во 116 држави, соопшти денеска Интерпол.


Во операцијата уапсени се 859 луѓе ширум светот и запленети се фармацевтски производи во вредност од околу 14 милиони долари.


„Бевме фокусирани на услугите на достава организирани од криминалните мрежи и во рамките на операцијата анулирани се 3.671 линкови, вклучително и интернет-страници на социјалните мрежи и онлајн продавници“, се наведува во соопштението на Интерпол, кому ова му е втора ваква акција овој месец.

Читайте на сайте