World News in Macedonian

Ердоган: убиството на Кашоги било планирано

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека „дивјачкото убиство“ на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул било „планирано“ денови пред неговата смрт.


Во денешно обраќање пред Парламентот, Ердога побара од Саудиска Арабија да обезбеди одговори за тоа каде се наоѓа телото на Кашоги и кој ја наредил операцијата.


Тој исто така повика осомничените да бидат судени во Истанбул.


59-годишниот колумнист на Вашингтон Пост и критичар на саудискиот принц Мухамед бин Салман, е исчезнат од 2 октомври откако влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да добие документи за неговата венчавка.


Ријад првично негираше било какви сознанија за неговата судбина, велејќи дека бил убиен во тепачка внатре во конзулатот, за потоа убиството на Кашоги да го нарече „непријателска операција.“

Читайте на сайте