World News in Macedonian

Во Кина отворен најдолгиот морски мост на светот

Кинескиот претседател Ши Ѓинпинг денес официјално го отвори најдолгиот морски мост на церемонијата во јужниот град Чухаи. Мегапроектот вреден 20 милијарди долари ја поврзува континенталната Кина со полуавтономните територии Хонгконг и Макао, со мост од 55 километри, кој се градеше речиси девет години.


Тоа е клучен елемент на планот на Кина за Голема заливска област, која опфаќа 56.500 квадратни километри јужно од Кина, а во неа има 11 града, вклучувајќи ги Хонгконг и Макао, кои се дом на 68 милиони луѓе.

Читайте на сайте