World News in Macedonian

Столтенберг не предвидува нови нуклеарни распоредувања во Европа

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека европските членки на Алијансата најверојатно нема да распоредат ново нуклеарно оружје на нивната територија, како одговор на наводното кршење на договорот меѓу Вашингтон и Москва, кој забранува проектили од среден дострел.


Зборувајќи четири дена откако американскиот претседател Доналд Трпам објави дека САД се повлекуваат од Договорот за проектили од среден дострел од 1987 година, Столтенберг денеска рече дека НАТО ги проценува безбедносните импликации од наводното руско прекршување на договорот.


„Не предвидувам дека европските сојузници ќе распоредат повеќе нуклеарно оружје како одговор“, рече Столтенберг.

Читайте на сайте