World News in Macedonian

Нема да има собраниска комисија за испитување на референдумот

Пратениците на денешната седница не ја усвоија одлуката за формирање анкетна комисија за испитување на референдумот од 30 септември. Одлуката ја поддржаа осум пратеници, а 60 беа против.


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека за време на референдумот имало нерегуларности, па затоа и побараа собраниска анкетна комисија која ќе го испита тоа.


На денешната седница пратениците меѓу другото усвоија и нов закон за обештетување на стечајците.

Читайте на сайте