World News in Macedonian

Трамп го осуди испраќањето сомнителни пакети со експлозив

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди обидот да се испратат сомнителни пакети во домот на поранешниот претседател Барак Обама, во домот на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која му е сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон, како и во седиштето на медиумот Си-Ен-Ен и компанијата Тајм Ворнер.


Трамп на Твитер ја сподели пораката на потпретседателот Мајк Пенс и рече дека „целосно се согласува“.


И Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама, поранешниот државен секретар Клинтон, како и други јавни личности.


Американската тајна служба претходно соопшти дека пресретнала „потенцијални експлозивни направи“ кои биле наменети за домовите на  Обама и Клинтон. Поради сомнителен пакет се евакуирани зградата на компанијата „Тајм Ворнер“ и дописништвото на Си-Ен-Ен во Њујорк.


Во понеделникот сомнителен пакет бил испратен и до домот на Џорџ Сорос.


 

Читайте на сайте